Она што денес се претставува како „платформа за иднината на Македонија“ е само ново пакување на стариот проект ЗНАМ.
Ист организатор.
Ист финансиер.
Исти медиуми.
Исти таканаречени „независни“ новинари и аналитичари кои сега, откако излегоа од дупките, отворено ја промовираат платформата за иднината на Христијан Мицкоски.
Ова не е нова политичка иницијатива. Ова е проект што Мицкоски го започна со Деспотовски и Шилегов како носители на оваа платформа.
Ова е контролиран проект чија единствена цел е да создаде лажна алтернатива, да ја дефокусира јавноста и да ја подели опозицијата.
Да се поделат опозиционите гласови кои делумно би отишле кај Мицкоски. Сето тоа по моделот на сестринска партија СНС и Вучиќ.
Се обидоа да го урнат СДСМ со лажни вести, измислени афери и тешки лаги – не им успеа.
Затоа го повторија проектот од последните парламентарни избори, бидејќи даде резултати.
Сега не може два пати истата приказна. Народот ве прочита.
Веќе го видовме овој филм.
Луѓето кои денес се појавуваат како „нови лица“ и „независни аналитичари“ се истите кои порано ја бранеа и промовираа ЗНАМ. Денес, откако тој проект пропадна, добиваат нова задача, да ја продаваат „платформата за иднината на Мицкоски“ – ЗНАМ 2.0.
Народот одамна знае: кога ќе се појави нов „проект“, ново „движење“ или нова „платформа“ во изведба на истите лица, тоа не е ништо ново. Тоа е истиот проект на Мицкоски во ново пакување.
Тоа е само нова епизода од старата серија.
Во слободна, демократска и европска Македонија со овие проекти и со луѓето позади нив, навистина нема иднина.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


