Од денеска течниот гас се продава за 28, а компримираниот 43 денари за килограм

Се намали и цената на плинот и на компримираниот природен гас.

Од денеска течниот гас се продава за 28 наместо за досегашните 31, 5 денари за литар, а компримираниот гас поевтинува за 5 денари и наместо за 48 ќе се продава за 43 денари за килограм.

Намалувањето се должи на склучениот договор на Макпетрол со руската компанија Гаспром.

Според договорот цената на индустрискиот гас се намалува за 5 и пол денари за кубен метар со што наместо за 29,9 ќе се продава за 24,5 денари.

Најчитани вести