Ресенски јаболка на рускиот пазар во дрвени, примитивни гајби

Во Домодедово, најголемиот кванташки центар во Русија, деновиве може да се најдат и македонски земјоделски производи.

Наши трговци земаат под наем  станови  и таму живеат додека трае сезоната на одредени земјоделски производи кои ги продаваат, а некои  престојуваат во текот на целата година.

domodedovo3

domodedovo2

Трговците со кои разговарав убедени се дека рускиот пазар е  решението на проблемот со пласманот на нашите земјоделци,  но само ако  македонските производи се конкурентни на производите кои овде се продаваат.

domati_rusija

grozje_rusija

zelka_ambalaza

За жал  примерите како овој со ресенските јаболка многу негативно влијае на целиот наш имиџ овде. Јаболката се ставени во дрвени, примитивни гајби, измешани, ситни и крупни.

jabolka_gajba

Трговците велат дека ваквиот начин на пласман на јаболката, негативно влијае врз имиџот на македонските производи и тешко може да се постигне висока односно конкурентна цена.

Во Ресен овие јаболка се платени по 0,32 евро цени, а на таа цена треба да се додат 240 долари по тон за царина. Со сите давачки за царина и транспорт овие ресенски јаболка достигнуваат цена од 0,60 евро центи.

Ајдаретот во Русија од други земји е 0,60 евро центи и тоа екстра квалитет.

jabolka_ubavo_spakuvana

Не само јаболката и другите производи што доаѓаат на овој кванташки се одлично спакувани, со модерна амбалажа, калибрирани и може да се постигне и повисока цена.

Тоа е едниствениот начин како да се дојде до потрошувачите, децидни се трговците.

mandarini_rusija

Интересен за нас како држава е турскиот начин на продажба.

Турските трговци во Домодедово се посебно организирани. Имаат соработка  со земјоделските здруженија и тие директно им испраќаат роба од Турција, нема втора, трета рака. На тој начин, освен со квалитетот и амбалажата тие се конкурентни и со цените.domodedovo_vnatre

Вака накратко изгледа моменталната состојба на перспективниот руски пазар. И кога ќе ја споредите со нашата моментална ситојба тогаш – ЗАОСТАНАТИ е вистинскиот збор кој не опишува како земјоделска земја. Осум години, не што не се направи исчекор напред, земјоделците се вратени назад во производството и пакувањето.

Може ли и после 8 години и 350 милиони евра субвенции, ресенското јаболко сеуште да се  пласира во дрвени, примитивни гајби? Зошто овоштарите да немаат пари за модерна амбалажа?

Може ли цела Преспа да нема ниту еден калибратор? Рачно ги ределе, од око, на фат…ни се чудат странските трговци, да не речам ни се смеат.

jabolka_krupni_sitni

Зарем уште зборуваме за менталитет на нашиот земјоделец, дека тој бил виновен што редел горе убави и големи јаболка, а под нив во гајбата, ситни. Па  осум години на толку пари и фрлени од страна на владата за непотребни кампањи и зошто не се едуцирани земјоделците.

Зошто да немаат модерни гајби и рекламен материјал? Колку пари е тоа? Не може ли субевенцијата да се насочи кон она што им е потребно.

И после осум години преспанските овоштари немаат пари за заштитни мрежи со кои ќе бидат сигурни во квалитетот, па се мислат како и на кого да им ги продадат оштетените јаболка, или тие што останаа, ама помалку квалитетни.

Да не зборуваме за неквалитетните „билки“ поради кои ги прскаат јаболката по неколку пати. Осум години овоштарите исто се жалат, и никому ништо.

И за крај, ако нешто остава впечаток тоа е примерот со организираноста на турските трговци и земјоделци.

Замислете кај нас Никола Стаменов, претседателот(?!) на Федерација на Фармери на РМ наместо да им слугува на сите министри што ќе дојдат, да работи вака со трговци и да пласираат градинарски производи.

Или замислете го Аризанов (кога ќе излезе од затвор) да организира пласман на трпезното грозје, наместо да ги убедува лозарите дека сите други се криви за нивната состојба, освен владата.

За Тантаров ич муабет да не правиме, тој може да послужи како школски пример што значи додворување до актуелни министри за лична корист, никако за арно на земјоделците.

Многу изместени состојби во аграрот, многу апсурдни ситуации кои заедно го доведоа македонскиот земјоделец  во ваква состојба, а ресенското јаболко во примитивни, дрвени гајби.

Работите треба од корен да се менуваат ако сакаме да се зафатат новите модерни трендови во земјоделското производство.

Ленче Николовска

забрането е преземање на текст или фотографии без претходна дозвола од авторот и редакцијата

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести