Пописите претставуваат вкупен процес на прибирање, обработка, оценка, анализа и дисеминација на податоци на населението, домаќинствата и становите во една држава. Со нивно спроведување се прибираат и обработуваат податоци кои се однесуваат на старосна, полова, економска, образовна структура, како и податоци за вработеност на населението, надворешните и внатрешни миграции, занимање, пораст, прираст, густина на населеност итн.
Најголемиот број на држави ги организираат пописите на точно одреден временски интервал од 10 години. Во периодот меѓу два пописи државата своите политики во врска со социјалните пакети, здравствените услуги, инфраструктурата, економијата, образованието и слично, ги темели врз основа на процени што ги прави Државниот завод за статистика.
Сигурно се прашувате како ли Македонија функционира со податоци од 2002 години па мислам дека тоа се гледа на дело, младите се иселуваат од државата, властите изненадени од првиот снег во декември, по повеќе од 10 дена цели градови и села немаат струја, патната инфраструктура од пред 10 год од времето на СДСМ, операциони сали без греење, образование компјутер за секое дете а клупи и столчиња нема, невалиден или во најмала рака сомнителен избирачки список…
Инаку во Република Македонија во периодот по Втората светска војна се спроведени пописи во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 година. Малиот временски период од 1991 до 1994 година е поради тоа што пописот во 1991 година беше бојкотиран од поголем дел албанското население. Последниот попис на жителите во Република Македонија е одржан во 2002. година кога на власт беше СДСМ. Според истиот, во земјата се регистрирани 2.022.547 жители.Имавме и еден неуспешен попис од стана на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година и 4 години потоа власта нема слух за спроведување на попис за да знаме колку сме останати тука после преродбата во 100 чекори на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејки Светска банка излегува со бројка дека земјава ја напуштиле 450 илјади луѓе, а според статистиката на ЕУ 230 илјади луѓе имаат регулиран престој во земјите од Унијата, што дирекно укажува дека немањето на податоци од пописот прави проблеми и на избирачкиот список. Да треба да се направи попис и избирачки список според реален попис, а пребројувањето ќе ни покаже дали избирачкиот список е реален, колку се иселени, колкава е сиромаштијата, бројноста на етничките групи, во кој правец се движи наталитетот и дали на изборите последниве години за својата иднина одлучуваат живите или мртвите на избирачките списоци.
Но кога веќе го споменав, оној неуспешниот од 2011 година да напоменеме дека не чинеше 14 милиони евра за разлика од успешно спроведениот попис во 2002 кога биле потрошени 7 милиони евра ај што беше неуспешен па и поскап, а зошто до денешен ден, ниту владата на ВМРО-ДПМНЕ, ниту неговиот коалициски партнер ДУИ не излегоа пред јавноста да дадат одговор како и зошто пропадна пописот во 2011? Која е вистинската причина за прекинувањето на пописот во 2011 година? Кој ќе ја сноси одговорноста за последиците од неспроведувањето на оваа статистичка операција? А можеби и со намера позната само на ВМРО-ДПМНЕ и немаме валидени пописни податоци.
Без попис Македонија не може да се развива во ниедна област,односно може да заталка во погрешна насока т.е веќе заталкавме во погрешна насока, бидејќи политиките во здравството, економијата и социјалната заштита се базираат на податоци од пописот, кои во моментов се 13 години стари. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите на корисниците во државата и во странство. Значи пописот е битен за задоволување на потребите на корисниците во државата со неспроведувањето на пописот владата на ВМРО-ДПМНЕ се залага за задоволување на потребите за фамилија не за напредок и подобро утре на Македонија.
Македонија ќе остане единствената европска земја во која не е спроведен попис. Во светот, пак, друштво ни прави Сомалија. Претходно во ова група беше и БиХ, но сега и таму има извршен попис.
И кога веќе останавме ние и Сомалија ајде да видиме која е со кого тоа го делиме првото место.
Cомалија за време на колонијализмот беше поделена помеѓу Велика Британија под чие владение беше северниот дел на земјата, и Италија на која и припаѓаше остатокот од земјата. Северниот дел се осамостои на 26.јуни 1960, а на 1. јули 1960 се обединија двата дела на Сомалија. Граѓанската војна трае во Сомалија со прекини од 1977 до 1991 година. Сомалија е официјално поделена на 118 административни региони, кои потоа се делат на окрузи. Фактичката ситуација е поинаква од правната. Северот на Сомалија денес е поделен помеѓу автономните региони Пунтленд (себеси се смета за автономна сојузна држава) и Сомалиленд (самопрогласена, но непризнаена суверена држава). Во средна Сомалија, јужно од Пунтлент е сместена и регионалната целина Галмудуг. (погл. Сојузни држави и региони во Сомалија). Сомалија е една од најсиромашните светски земји: социјалниот, здравствениот и образовниот систем готово и да не постојат. Нема средишна национална банка па некои фирми и властодршци штампаат сопствени пари.
Да бидеме искрени и кај нас здравствениот систем го има како да го нема луѓе умираат на пораѓај како во 18 век, образование па таму гласот на студентите и побитен од суетата на една личност е уште ни фали власта да почне да штампа едни пари за власта други за опозицијата малку да сменат да не биде се со кругчиња.
Драги пријатели размислете добро во новата 2015 дали уште ќе го делиме првото место со Сомалија, дали уште ќе живееме и ќе очекуваме подобро утре со бројки стари 13 година кои се во корист само за власта а не за обичниот народ, а дур чекаме некој од надвор да ни ја заврши работата и велиме не зависи од мене нека ни е Среќна нова 2002 година
Автор
Митко Бојмацалиев
Извор: Plostad.com.mk


