Избоден тетовец пренесен на скопските клиники

Триесет и осум годишниот Б.Е. синоќа избоден во телото бил донесен во Клиничката болница во Тетово.

Од болницата пријавиле дека донесеното лице имало убодни рани во градниот кош и расекотини на стомакот и главата.

Поради сериозноста на повредите повредениот бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести