Наместо свеќа запалила петарда, радовишанка остана без прсти

Краткотраен прекин на струја, ја остави без дланка 69-годишната радовишанка. Tаа наместо свеќа запалила петарда која и експлодирала во раката.

– Без неколку прсти таа е донесена во Штипската клиничка болница, но оттаму итно е препратена на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Прогнозите за спас на нејзината дланка не се добри и можно е таа целосно да го загуби овој дел од раката, пренесе Нова Македонија.

Инаку, петардите биле набавени ден претходно и биле наменети за прослава на Стара нова година.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести