Гори зграда во Кисела Вода

Голем пожар во скопска Кисела Вода. Предмалку пламени јазици ја зафатија зградата со број 1 на улицата Петар Дељан.

Според информациите, пет противпожарни возила се на терен и го гаснат пожарот кој беснее. Амбулантни возила кои се на местото на настанот постојано носат станари од зградата кои најверојатно се затруле од чадот, но засега не се знае каква е нивната состојба.

Фото: Горан Наумовски/Плусинфо

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести