Во Дневникот на МРТ само пропаганда – ниту збор за Кежаровски

Вечерва во Дневникот на МРТ имаше простор и за ракометниот успех, и за изјавите на Груевски, и за изјавите на наставници против штрајкот на СОНК, па дури и за нечистите оџаци, како еден од главните проблеми.

Но, сепак, новинарите вработени во, како што милуваат да се нарекуваат, јавниот сервис, немаа простор да известат за одлуката на Апелација за новинарот Томислав Кежаровски и неговото експресно пренесување во затвор со полиција. Немаа простор да известат ниту за острите реакции на двете новинарски здруженија во земјава, ЗНМ и МАН, на новинарскиот синдикат, на останатите организации и политички партии од Македонија, но и на интернационалните новинарски здруженија и организации, претставничката на ОБСЕ, странските медиуми кои зборуваат за скандалозната пресуда… или пак, протестот најавен за во вторник. За сево ова немаше ниту еден збор во вестите.

Граѓаните на социјалните мрежи го изразуваат својот револт од работата на МРТ која, без да сакаат мора да ја плаќаат сите, преку радиодифузната такса. Тие прашуваат за што всушност ги даваат тие пари, кога не добиваат информации, туку само пропаганда и манипулации во полза на власта.

Извор: Либертас

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести