Нашите ракометари славеа со 33:31 за втора победа на вториот натпревар по групите на светското првенство во Катар. Капитенот Лазаров беше избран за најдобар играч, со 9 гола, 3 асистенции. Прибак, Стоилов и Недановски имаа стопостотна реализација, а Миркуловски повторно беше одличен и во нападот и во одбраната. Борко Ристовски на крај го заврши натпреварот со 7 одбрани.
Утре е слободен ден, а веќе во понеделник го играме третиот натпревар со Босна. По овие два натпревари Македонија е на чело на табелата пред Хрватска заради подобрата гол разлика.


