Од „кралици на ботоксот“ до „челични дами“, како живеат земјите кои ги водат жени

Во само десет отсто од државите клучна функција претседател или премиер ја имаат жени. Поголемиот број од нив имаат прекари како „челична“, „ледена“, „мама“…

Прва жена ѕвезда во политиката беше Маргарет Тачер или „Челичната лејди“

– Жената сосем добро се снаоѓа во политика. Сепак некои работи мажите ги прават подобро. На пример, подобро цепат дрва – смета германската канцеларка Ангела Меркел која мудро користејќи го патот што и го направи претходникот Шредер, успеа на Германија да и даде нова енергија.

merkel

И нејзината колешка Шмит од Данска, совен по скапите чевли и брендирана гардероба, ќе остане запаметена и по правилото секој вработен да мора да одработи по 12 минути подолго, што и допринесува на економијата на земјата цел час дополнителна продуктивност неделно.

danska_premierka

На премиерката на Норвешка Erna Solberg пример и е Меркел па во  нејзиниот кабинет половина од вработените се жени.

norveska_premierka

 

Јужна Америка предничи во светот кога се во прашање жените на чело на држави – тука се Бразил, Чиле, Аргентина.

Токму во Аргентина жена е на чело на државата втор мандат едно по друго.

Иако прави се да ја зајакне економија на својата држава Kristine Fernandes de Kirhner  не може да побегне од нејзиниот прекар „Кралица на ботоксот“

fernandez

Победата на Колинда Грабат Китаровиќ на минатонеделните претседателски избори во Хрватска, нема да доведе до драматични промени во начинот на водење на политиката на државата, тврдат аналитичарите. Сепак сигурно со својата женска реторика на веќе искусен политичар ќе разбранува страстите не само во Хрватска туку и во регионот.

kolinda

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести