(ФОТО) Лазаров: Ќе дремнеме малку со „министерот“, око не склопивме вчера

Пред утрешниот натпревар против селекцијата на БиХ, денеска е ден за одмор за македонските ракометари на Мундијалот во Доха.

Паузата ракометарите ќе ја искористат за одмор и опуштање, собирајќи енергија за утрешниот натпревар.

– Ќе дремнеме малку со „министерот“, вчера око не склопивме – напиша на Фејсбук капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров, алудирајќи на својот цимер, нашиот „министер за одбрана“ – Борко Ристовски.

kire_borko