Заради труење со храна Прибак неизвесен за двобојот со Хрватска

Средниот бек на Македонија, Немања Прибак, неизвесен е за утрешниот настап против Хрватска, во рамките на 4-то коло во Б групата на Светското првенство во Катар.

Тој заради труење со храна цел ден го минал во болница на инфузија. Натурализираниот македонски ракометар се сомнева на труење од сладолед, а од болницата му рекле дека се работи за тешко труење со храна.

Неговата моментална состојба не влева оптимизам дека може да се појави во нашиот состав на натпреварот против Хрватска.

Најчитани вести