Лидерот на ДУИ Али Ахмети е полесно поврeден, а неговиот возач потешко во сообраќајка што се случила утрово околу 10 часот и 10 минути на патот Тетово-Гостивар.
Сообраќајката се случила кај наплатната рампа во близина на Тетово, кога патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регостарски таблици удрило во банкина и излетало од патот, по што се запалило, информираат од МВР.
Во сообраќајната несреќа возачот на „Аудито“ е потешко повреден, додека Ахмети поминал со полесни повреди. Двајцата се пренесени во Клиничката болница во Тетово.
Фото: Тетовасот



