Денес околу 11.00 ч.на раскрсницата од ул„3-та Македонска Бригада“ и ул.„К.Новаковиќ“ во општина Аеродром ,од засега непознати причини, машко лице управувајќи со автомобил марка „Цитроен“ изгубило контрола над возилото и удрило во семафор.
Од полицијата велат дека се работи за 58-годишниот Томе А. изгубил контрола над автомобилот „Цитроен“ по што удрил во сообраќаен знак.
Екипите на итната медицинска помош кај Томе можеле само да ја констатираат смртта. Телото на починатиот е предадено на обдукција.


