Ставрески: СБ и ЕБОР го потврдија успехот на мерките и економските политики

Според последните извештаи на двете најреномирани финансиски институции, Светска банка и ЕБРД, Македонија има најдобра економија во Југоисточна и Централна Европа, со стапка на раст од 3,8 отсто и најдобра перспектива за раст за оваа година.

Мерките и политиките на Владата во капиталните инвестиции во Буџетот, долгорочната политика за привлекување странски инвестиции и помошта за домашните фирми во изминатиот период, според вицепремиерот Зоран Ставрески, се клучни причини за постигнувањата на македонскиот економски раст за минатата и перспективите за годинава истакнати во извeштаите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светската банка (СБ).

– Заедничката констатација дека Македонија има најдобар економски резултат во 2014 година во ЈИЕ и Централна Европа и најдобра перспектива за раст на економијата за годинава во последните извештаи на ЕБОР и СБ е најдобар пример и показател за успехот на владините економски политики и ги демантира тврдењата дека немаме успех во економијата, оцени денеска на прес-конференција вицепремиерот Зоран Ставрески.

При стартот на презентацијата на резултатите на овие две банки, министерот за финансии, Зоран Ставрески, посочи дека конкретните бројки ќе разграничат што е лага а што вистина,  и кој од тие што зборуват за економијата бил во право.

„Во поларизираната политичка атмосфета во Р. Македонија, чето пати се случува за теми за кои во суштина не треба да има несогласувања, бидејќи се работи за прашања дефинирани со бројки и податоци, има спротивставени мислења. Чудно е што никогаш нема рекапитулар на тоа откако ќе се завршат годините, кој имал право и зборувал со аргументи, а кој не, туку од дневно политички причини се презентираат некои работи“, истакна Ставрески.

Доколку се земе како пример, земјте од соседството се на самиот крај на листата. Црна гора има раст од 1,3 отсто, БиХ со  0,9 отсто, а Србија и Хрватска се во негатива.

Според проекциите на ЕБРД за 2015 година, Македонија е на првото место со 3,5 процентен раст на економијата. За 2104 година оваа банка имаше проекција дека растот ќе биде 3 отсто.

Најчитани вести