Хорхе: Маја ми го заметкала ветото низ дома

Прецедникот Ѓорге Иванов – Хорхе ја обвини својата сопруга претседателката Маја Иванова – Мајехандра дека му го заметкала ветото низ дома во клучните моменти кога сакал да го употреби.

– Сто пати сум и рекол враќај ги работите на место. Таа кога ми ги перела кошулите го извадила ветото и го заметкала негде низ дома. Го утепав од барање, не бре брате, кој знае каде го има затурено. Мајо, Мајехандричке моја, пробав и со убаво, кажи ми мила, калинке моја нерасцветана, ветото мое, се крие во долапче кое? Но, попусто. На крајот, немав друг избор, во недостиг на вето морав да го потпишам законот за високо образование – изјави Иванов за државната телевизија на Венецуела.

Иванов, сепак, се закани дека ако го најде дома ветото ќе го употреби до крајот на мандатот

Извор : Козаностра , портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести