Вредноста на еврото падна на најниско ниво спрема доларот во изминативе 11 години.
Вчера едно евро чинеше долар и 13 центи. До ова дојде откако Европската централна банка објави голема програма за купување државни обврзници со цел да се зголеми инфлацијата и да се охрабри кредитирањето. Програмата ќе трае 19 месеци и ќе чини билион евра.
Последно 1 евро се разменуваше за 1,1369 долари. Непосредно пред ЕЦБ да ја објави програмата, 1 евро чинеше 1,1620 долари.


