Јавниот обвинител Марко Зврлевски и обвинителот за организиран криминал Јован илиевски, решиле да се релаксираат на натпреварите на нашата ракометна репрезентација на СП во Катар. Тие од „досада“ на трибините читаат арапски весници!
Имено македонските навивачи во финишот од денешната средба против Австрија, кога веќе беше јасно дека нашите ќе победат, ги отворија весниците и се правеа дека читаат.
Порака беше во стилот „здодевно ни е бидејќи постојано ве победуваме, па поради тоа ќе си читаме весници“.
Така од „досада“ си читаше и Зврлевски!



