Уапсен е Зоран Верушевски, екс-директорот на ДБК во времето на СДСМ, јави Алфа телевизија.
Вечерва околу 22:30 часот со лисици на рацете и полициска придружба тој е изнесен пред истражен судија и јавен обвинител во Скопје. Разузнавачот Верушевски се товари за нелегално поседување оружје, основани сомневања за детска порнографија и други тешки кривични дела, јавува Алфа.
МВР најави повеќе детали за утре.


