Пронајдена удавена жена во Конска река, во атарот на селото Моин – Гевгелиско. Полицијата извршила увид и е констатирано дека се работи за несреќен случај бидејќи на телото немало никакви траги кои би упатувале на насилна смрт.
Станува збор за Б.М.(1956) од истото село, чие тело било пронајдено вчера околу 11,00 часот.Увид на лице место извршила екипа од ПС-Гевгелија при што е констатирано дека се работи за несреќен случај.
Инаку токму во гевгелиско реката Вардар е пред излевање. Максималниот водостој реката го имаше вчера во Велес, но водата патува јужно и се очекува бранот вечерва да стигне во гевгелискиот регион.
Водостојот на другите реки постепено се намалува или останува непоменета. Хидролозите информираат дека нивото на Треска постепено се стабилизира и сто како и тоа на Црна Река која денеска кај новаци беше длабока 400 сантиметри. Нивото на Пчиња е намалено за 80 см.
Надлежните објаснуваат дека топењето на снегот, обилните врнежи од дожд, но и врнежливата мината година се најголемата причина за поплавите.


