Македонија доживеа пораз во осминафиналето на Мундијалот во Катар од Словенија со 30:28. Словенците ни го срушија сонот за пласман во четвртфиналето и Олимписките игри во Рио.
Во поголемиот дел од натпреварот Македонија бркаше негатива, на моменти Словеците имаа и четири голови предност, нашите момци ја намалуваа негативата, но никако не успеаја да го контролираат мечот.
Во нашиот табор најефикасни беа Лазаров и Георгиевски со по седум погодоци, додека Манасков и Стоилов запишаа по пет. Најефикасен на мечот беше Словенецот Гајиќ со девет погодоци.
Голманот на словенците, Шкоф, беше играч на натпреварот кој само во последните пет минути имаше пет успешни интервенции.


