Ракометарите пристигнаа во Скопје

Mакедонските ракометари утрово пристигнаа во Скопје. На скопскиот аеродром беа пречекани од мал број  спортски фанови и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

rakometari_aerodrom1

Спасески им посака добредојде и им честиташе за големиот успех и освоеното 9-то место на Мундијалот во Катар, кој е најдобар наш пласман на светските првенства.

rakometari_aerodrom2

Ракометарите требаше да пристигнат дома во текот на вчерашниот ден, но поради доцнење на летот од Доха за Истанбул, стигнаа со задоцнување.

Најчитани вести