Играчите на Металург негираат заминување од клубот

Македонските ракометни репрезентативци кои се дел од клубот од Автокоманда, негираат дека заминуваат од македонскиот првак.

Се појавија шпекулации во медиумите дека Ренато Вугринец во следните пет месеци ќе настапува во катарскиот тим Лахвијa, а за Манасков интерес имало од ПСЖ и Загреб. За Миркуловски се зборуваше дека биле во опција Висла и Брест, додека Георгиевски би можел да му се придружи на Борко Ристовски во француското првенство.

Расплетот ќе го видиме најверојатно на 1-ви февруари кога Металург го игра првиот меч против Нексе во СЕХА лигата.

Играчите се надеваат дека во следните дена ќе биде извесна ситуацијата за клупската иднина во Металург дека се ќе се разреши.

Најчитани вести