Пукотници од огнено оружје вчера вечерта ги вознемирија жителите на скопски Аеродром.
Според изјави на очевидци, тепачката започнала зад трговскиот центар кога група повозрасни луѓе со безбол палка нападнале помладо момче. Момчето иако повредено успеало да ги викне воите другари кои веднаш дошле пред трговскиот центар.
Возвратиле на нападот по што едно од лицата кое според неофицијални информации возело автомобил марка Мерцедес извадило пиштол и почнало да пука.
Се вели дека меѓу двете групи од кои едната не била од скопската населба Аеродром подолг период имало нетрпеливост и серија инциденти на повеќе места во Скопје.
Полицијата изврши увид.



