Еден Индиец е уапсен поради обид за убиство откако пробал жива да ја закопа 10 годишната ќерка.
Жителите од село во североисточна Индија ја информирале полицијата дека Abul Hussein проба живо да го закопа девојчето во дворот на својата куќа.
Кога дошла полицијата, на девојчето рацете и биле врзани, а устат залепена, а во земјата била закопана до половината.
Причината била што таткото го мразел девојчето бидејќи очајно сакал син и затоа сакал да ја убие.
Откако делумно ја закопал, нејзината мајка се вратила дома па тој преку главата на девојчето ставил корпа за да може „работата“ да ја заврши подоцна.

Но сопругата почнала да се сомнева дека нешто не е во ред па ги повикала соседите да и помогнат. Таа наводно и претходно била загрижена поради недостигот на љубов кон девојчето од страна на нејзиниот татко.
Девојчето сега се наоѓа со својата мајка заштитена кај нејзини роднини, а Abul Hussein поради обид за убиство се наоѓа во затвор до почеток на судењето.


