Се преврте возило во близина на Струга

Сообраќајна несреќа се случи претпладнево на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга.

Несреќата се случила по 10 часот кога едно патничко возило „Мерцедес“, во кое се превезувале четворица патници излетало од патот и се превртело на десната страна.

Од полицијата соопштија дека нема повредени, а најверојатно причината за превртувањето е неприлагодената брзина кон условите на патот.

фото:Прес24

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести