Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо, преку соопштение најостро ги осудува постапките на СДСМ во врска со последните настани што се случуваат во Република Македонија.
Според нив лидерот на СДСМ Зоран Заев, наместо да ги внесе пратениците во Собранието на Република Македонија, под директива на тајни странски служби кои работат на уништување на татковината, го уценува целиот легитимно избран државен врв.
Од македонските друштва во Тирана “Илинден” и “Илинден”- Огранок Голо Брдо сметаат дека таквото недржавничко однесување, таквиот манипулативен однос кон сопствениот народ, треба да бидат санкционирани согласно уставот и законите на Република Македонија.


