Валдес за малку ќе се откажел од фудбалот

Голманот на Манчестер Јунајтед, Виктор Валдес, рече дека по тешките повреди размислувал да ја заврши кариерата, но семејството му дало сила да се врати на фудбалот.

Валдес во април минатата година ги повреди лигаментите на колената во мечот против ривалот Селта и тоа на само два месеца пред истекот на договорот со Барселона.

„Како да претчувствувам дека нешто ќе тргне наопаку бидејќи претходно се беше идеално“, нагласи Шпанецот – „бев блиску до одлуката да престанам со фудбалот, но семејството ми даде сила.“

Шпанскиот голман неодамна се опорави и потпиша 18-месечен договор со Манчестер Јунајтед каде ќе биде резерва на Давид Де Хеа.

„Давид во овој момент е најдобриот голман на светот и се наоѓа во добра форма“, заклучи одличниот голман.

Валдес за каталонскиот тм од 2002-та до 2014-та година одигра 535 натпревари и освои шест титули во Примера, три Лиги на шампиони, два Купа на кралот, шест Суперкупови на Шпанија, два УЕФА Суперкупа и две светски клупски првенства. За репрезентацијата на Шпанија одигра 20 натпревари и беше член на тимот кој триумфираше на светскиот шампионат во 2010-та година и првенството на Европа 2012 година.

Најчитани вести