Писмо на читател од село Чифлик: Донациите за поплавите се злоупотребуваат за купување гласови

До редакцијата на Бриф пристигна писмо од читател од село Чифлик кој не информира за состојбата со поплавите  кои се случени во источниот регион односно за толку споменуваната општина Чешиново-Облешево каде според него нема штети од поплавата но се злоупотребуваат донациите.

– Еве да ви ја кажам правата слика во мојата општина односно мојот роден крај, селоЧифлик. Точно е дека имаше излевање на реката Брегалница и дека водата беше надојдена, но вакавата состојба ни се случува еве веќе 3 години наназад и како секоја година и оваа сами се справувавме со ситуацијата односно се прекопуваше еден локален пат и ситуацијата си беше под контрола.

Во мојата општина ВМРО е на власт веќе 15 години, ние сеуште немаме канализација и водовод а ниту пак некогаш се ископани одводните канали за кои што е надлежна општината.

Во моето село точно е дека имаше една критична куќа но водата небеше од реката туку од дождовите кои беа обилни и поради неископнаи и непрочистени канали.

Исто така би сакал да напоменам за ситуацијата со донацииве и да упатам еден апел ВО НАШАТА ОПШТИНА НИТУ ЕДНА ФАМИЛИЈА, КУЌА ИЛИ БИЛО ШТО ИМА ПРЕТРПЕНО БИЛО КАКВА ШТЕТА, ВОДАТА КОЈА СЕ ПРИКАЖУВА НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ Е ВОДА РАЗЛЕНА ВО ПОЛЕТО КОЕ НАМА НАПРАВЕНО НИКАКВА ШТЕТА ОДНОСНО ШТЕТИТЕ СЕ НУЛА.

И за крај зошто го пишувам ова,затоа што се делат некави донации а со тие донации се врши кампања на владејачката партија. Се собираат пари се лаже народот и со тие пари градоначалникот и челниците на ВМРО  ДПМНЕ си прават кампања односно си купуваат гласачко тело. Глупаво е да зимаш пари од доброволни донации и да си ги вршеш работите кои што се обврска на општината. А она што е надвор од здравиот разум министерот Јнакиевски кога беше во посета апелираше да се донират минимални средства а од друга страна државата или општината да нема да ти даде кога таа држава потроши милијарда евра на споменици и други глупости.

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести