Ски скокачот од Словенија, Петер Превц, постави нов светски рекорд откако на скокалницата во норвешкиот Викерсунд леташе 250 метри. Превц со рекордниот лет забележа победа и го презеде лидерското место во генералниот пласман.
Превц (22) во Викерсунд за три ипол метри го подобри претходниот рекорд кој во 2011 година го постави Норвежанецот Јохан Ремен Евесен.


