Вардар против Висла во осминафиналето на Лигата на шампионите

На денешното извлекување во Виена, ракометарите на Вардар за противник ја добија екипата на Висла, според проценките на познавачите, најквалитетниот противник и според тоа, најмалку посакуваниот.

Висла е полски вицепрвак, единствениот тим којшто успеа да ја победи Барселона, а на својот терен го покори и актуелниот европски првак Фленсбург.

Првиот натпревар Вардар ќе го игра како гостин, а реваншот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Најчитани вести