Ордановски: Ќе се изнаслушаме работи што ќе го клекнат Груевски

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија, аналитичарот Сашо Ордановски ја коментира актуелната политичка состојба во државата со прислушувањето и досегашните „бомби“ на СДСМ за противзаконското работење на актулената власт.

Според него доаѓа период од 2-3 недели  кога, како што најавуваат од СДСМ,  ќе се изнагледаме докази за криминал и противуставни дејанија на оваа власт кои ќе доведат до странска помош и решавање на случајот по институционален пат.

– Ќе се изнаслушаме работи што ќе го клекнат Груевски. Ќе дојдеме ние до институции, секако со странска помош, бидејќи со овие битанги сами не можеме. А потоа ќе видиме дали ќе има оставки – изјави Ордановски.

 


 

Најчитани вести