Пациент изгоре во болнички тоалет во заразното одделение на велешката болница.
Според информациите на портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, синоќа во СВР било пријавено дека во заразното одделение на велешката болница, пациентот Стеван Т. од Велес роден 1931 година, бил забележан во пламен во тоалетот на една од собите.
– Веднаш е интервенирано од медицинскиот персонал и пламенот бил изгаснат со помош на вода и ќебиња. Пациентот е префрлен на хируршкото одделение а оттаму бил пренесен во градската болница во Скопје каде починал, рече Стојковска.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Велес.


