Најмладиот милијардер на светот: Животот не е фер!

Извршниот директор на Snapchat е 24-годишниот Еван Шпигел. Со богатство од 1,5 милијарди долари Форбс неодамна го прогласи за најмлад милијардер на светот.

Snapchat, популарна апликација за споделување фотографии е проценета на речиси 15 милијарди долари, што ја прави една од највредните стартап компании на светот.

Шпигел студирал на Стенфорд, но го напуштил факултетот само неколку испити пред дипломата за целосно да се посвети на Snapchat.

Денес живее лагоден живот, ужива во скапоцени автомобили, а во декември минатата година купи куќа вредна 3,3 милиони долари. Свесен е дека во животот имал среќа и тоа отворено го признава.

„Јас сум млад, бел, образован маж. Навистина ми се посреќи. И животот не е фер“, заклучил иронично или не, најмладиот милијардер на светот.

Фото: Бета/АП

Најчитани вести