Фирмите кои имаат штандови на саемот за мебел во Скопје, за Либертас тврдат дека се под пресија на инспектори на УЈП.
„Ова до сега никогаш не било. Ни бараат да купиме мобилни фискални каси, кој нема веднаш ни пишуваат казни“, тврди за Либертас сопственик чија фирма има изложено на саемот.
Тој појаснува дека најевтиниот таков апарат е 200 евра и дека е тоа нов трошок за и така исцедените компании. Тврди дека ова е најнова мерка на државата, и дека изложувачите на саемот се крајно револтирани.
„Ако продолжат вака, со измислување нови трошоци, нема да присуствуваме на идните саеми, нека прави и нека изложува државата сама“ велат за Либертас револтирани производители на мебел.


