Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во финалето на развојниот турнир во Гибралтар, на неверојатно бизарен начин прими гол, а потоа и загуби од домашната репрезентација.
Македонија загуби на пенали од домаќинот. Но пред тоа нашите фудбалери поведоа во 90-тата минута од натпреварот и додека се радуваа заедно со стручниот штаб, репрезентацијата на Гибралтар тргна од центарот и постигна погодок со кој го изедначи резултатот.
Бизарно и срамно!


