Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д -Е V) се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит и изнесува 42,00ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,008 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 23.03.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,240ден/кг.


