Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Ало?
ГЈ: Да?
НГ: Горде, помина ли заклучокот на Томе Аџиев вчера?
ГЈ: Не претседателе, јас додека бев не помина. Пошто мојата информација беше дека он со Мартин го усогласувал, до мене воопшто не беше доставен.
НГ: Е па џабе денеска го имаме кога нема Влада.
ГЈ: Јас не добив никаков заклучок. Нели требаше они да го усогласат…
НГ: Еве го кај мене е сега, ама што ако е кај мене кога седницата помина.
ГЈ: Ама не…
НГ: Му кажав у понеделник да ми го даде.
ГЈ: Е па што да кажам? Не е страшно, ќе го поминеме следната седница, а во меѓувреме тие што се побитни институции, нели вечер имаме состанок, ние, Архивот…јас ќе се чујам, денес планирав, со двајцава…
НГ: Кажи му: Томе задоцни, речи…И понеделник го утна, и вторник го утна, у среда ми го праќа.
ГЈ: Што…мислам, нас ни е позната таму динамиката, ама без заклучок јас ќе се изјавам кај најбитниве институции. Пошто најбитни се овие 4-5 институции, другите…општини, едно-друго ќе ги буткаме после…
НГ: Океј. Ќе ти го пратам за следната седница да го имаш под Прашања и предлози, исчитај го ти.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Ленче Самарџиевска
ГЈ: Да?
ЛС: Горде?
ГЈ: Ало, кажи Лено.
ЛС: А бе види, ја го барам овој, ама ти си го викнала веќе, не знаев дека…Томе Аџиев. Се утепав ѕвонејќи…. на крај…
ГЈ: Ааа, па ја на сите им се изјавив и му пишав на премиерот дека им кажав.
ЛС: Ама знаеш јас му викам: кои се овие, што е финтава…гледам запишано ни а, ни б не ми кажа, вика: аа лустраторите викни ги, ова-она. Викам…не знам кои се, појма немам.
ГЈ: А јас па знаеш дека обично ги викаат од кај Трајко Вељаноски и сега, мислам не знаев дека ти си на работа, да не нејќе премиерот цела Влада да го дознае кој доаѓаат, му пишав порака: Им јавив на сите.
ЛС: Не, му кажав јас сега на Томе, му викам: Ве молам викнете ги, не знам кои…
ГЈ: Да, да..
ЛС: Вика ми се јави мене министерката
ГЈ: ….си знае…
ЛС: А кој треба друг да дојде? Сега ме прашува Сашо….
ГЈ: Значи треба вака: Томе со таа бандата од кај него, он ќе им каже на нив…
ЛС: Добро…
ГЈ: Зоран Тодоровски, јас му кажав, ама ако, јави му се и ти, не е проблем.
ЛС: Добро…
ГЈ: Сашо и Тони Јакимовски од кај него, Билјана Бришковска и ….
ЛС: Чекај, Тони Јакимовски овој…кој Тони Јакимовски? Од кај Сашо некој?
ГЈ: Тој што му е шеф на Кабинет на Сашо.
ЛС: Добро, Билјана Бришковска…
ГЈ: И јас и Зоран Тодоровски.
ЛС: Значи…
ГЈ: Обично доаѓа и Трајко Вељаноски, ама он е на пат негде у странство.
ЛС: Аха, да. Ти, Сашо, Тони Јакимовски, Билјана Бришковска и Зоран Тодоровски.
ГЈ: Да. И овие лустраторите, тие се друга екипа.
ЛС: Добро.
ГЈ: А за друг пат некогаш ако ти треба и Трајко доаѓа, ама он денес не ти е тука, во странство е.
ЛС: Да ми кажа. Добро, важи Горде, фала ти.
ГЈ: Океј.
ЛС: Ајде, поздрав.
ГЈ: Да, тоа е ја одма ти ја завршив работава…
ЛС: Ха ха, фала, фала.
ГЈ: Ајде, чао Лено.
ЛС: Чао.


