Најбогатиот човек во Кина е Ли Хеџун, основач на компанијата Ханерџи, која произведува соларна енергија од тенок филм.

Според податоците на Руперт Хаџверф, основач на компанијата за истражување на богатствата во Кина “Хурун рипорт“, богатството на Ли се проценува на 26 милијарди долари, со што го надминал основачот на сајтот Алибаба кој има богатство од 24,5 милијарди долари.

Кина, вклучувајќи ги и административните региони Хонг Конг и Макао, како и Тајван, официјално има 478 милијардери, но се смета дека има близу 1.200.
Кинеските богаташи, всушност се трудат да го скријат своето богатство од власта. Владините строги мерки против корупцијата доведоа до апсење на илјада богати Кинези, од кои многу се осудени за кражба и измама, а некои се осудени и на смрт. Поради ова многу бизнисмени се вознемирени со прашањето кој од нив ќе биде следниот уапсен.
“


