Колку заработија Барак и Мишел Обама минатата година?

Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, во 2014 година оствариле годишен приход од 477.383 долари, се вели во соопштение од прес службата на Белата куќа. Данокот врз приходите е 93.362 долари. Како паднале приходите од продажбата на книгите на Барак Обама се забележува финансиски пад на најпознатата американска фамилија.

Околу 14 отсто од средствата добиени лани (70.720 долари) Барак и Мишел ги донирале на 33 различни хуманитарни организации.

Приходите на семејството Обама се намалуваат – во 2013 година сумата им била 503.183 долари додека во 2012 година – 662.076 долари.

Во 2009 година Обама имал приходи од 5,5 милиони долари во кои се приходите од продажбата на негови книги како и од Нобеловата нагрда за мир. Годишната плата на Обама е 400.000 долари.

Потпретседателот Џо Бајден и сопругата Џил имаа приходи од 388.844 долари за минатата година.

Најчитани вести