СДСМ денеска покажа документ од заклучок од седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, потпишан од претседателката на комитетот Аспазија Софијанова, инаку директорка на Детската клиника, според кој, партиски членови треба да ги посетат сите домаќинства за да ги убедат да не излезат неделното гласање.
Исто така, на партиската младина и е наложено навечер да го отстрануваат пропагандниот материјал на опозицијата и да подготвуваат флаери и плакати против референдумот. УМС Ѓорче Петров, УМС Карпош, УМС Аеродром, УМС Бутел, УМС Кисела Вода, УМС Чаир и УМС Сопиште се задолжени за отстранување на пропагандниот материјал за референдумот.
СДСМ ги повика граѓаните да на наседнуваат на провокации и масовно да го поддржат референдумот за спас на ГТЦ од барок, кој ќе се одржи в недела.
Софијанова не беше достапна за изјава во врска со донесениот заклучок на седница на општинскиот комитет на Центар на владејачката партија.



