Секоја нестабилност во државата, било да е таа политичка или не, за бизнис секторот не е добра и може да има поразителни резултати врз економијата – изјави денеска претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.
– Најважно е тоа дека во ситуација на криза проектите ќе останат во фиоките и никој нема да пристапи кон развојните компоненти.Во овој момент не можеме да кажеме ништо повеќе освен дека во овој случај не е добра политичката нестабилност во државата и дека нe би сакале да бидеме оние кои ќе ги видат негативните резултати во периодот којшто следува – рече Арсовска.
Според неа доколку политичката криза потрае подолго тогаш последиците можат да бидат поразителни.
Арсовска го потпиша меморандумот за соработка со Македонската академија на науките и уметностите.


