Кој е македонецот што во Швајцарска банка чува 54,6 милиони долари?

Швајцарската Влада започна со објавување на имињата на германски и на други странски државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки.

Пред неколку дена Европскиот парламент донесе директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки.

Неодамнешното истражувањето на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, пак, ги потврди шпекулациите присутни со години, дека и Македонци чуваат милиони во швајцарски банки.

Истражувањето покажа дека во банките имало и 9 клиенти од Македонија, кои на 15 сметки имале 164 милиони долари. Интересно е дека само на една сметка, едно лице од Македонија чува 54,6 милиони долари.

Сметките на клиентите од Македонија се отворени во периодот од 1988 до 2006 година.

Според истражувањето на меѓународната организацијата „Глобал фајненшл интегрити“ од Вашингтон, од Македонија годишно во просек се изнесуваат по 521 милион долари илегални пари, односно Македонија е на 79. место на листата држави според илегалното изнесување пари.

Најмногу нелегални пари од Македонија се изнесени во 2008 година и тоа 928 милиони долари, и во 2011 година, 852 милиони долари.

Извор: Либертас

Најчитани вести