Научници создадоа сина јагода со гени од риба

Многу е пишувано за штетноста на ГМО, но научниците се уште продолжуваат да создаваат нови организми со различни својства.

Преку ГМО се создаваат нови непознати организми за нашата природа. На пример создаден е рибодомат со гени од риба кој се задржува подолго време, без да се расипе. Други пак издржуваат на неповолни услови кај почвата при климатски услови и делуваат позитивно против штетните инсекти.

Пред некое време научниците од Аргентина создадоа овци која свети со фосфорсцентна светлина навечер, но тоа е само експериментална цел, а не за масовна дистрибуција.

Овојпат научниците создадоа јагода со сина боја, без да се расипе, и издржлива на студ. Јагодата има интегрирани гени од риба. Тоа се гени од рибата Arctic Flounder Fish, пишува сајтот NaturalNews, специјализиран за објавување на независни истражувања. Тие го изолирале генот кој се содржи во оваа риба и има својства да произведува материи слични на антифризот во автомобилите. Резултатот од нивниот труд бил јагода со сина боја, која го издржувала студот во замрзнувач и не се влошува нејзиниот квалитет.

Оваа генетски модифицирана јагода со сина боја не е пуштена уште на пазарот и не се знае дали ќе биде пуштена воопшто, но засега научните истражувања се во тек. Колку и да изгледаат интересни ГМО остануваат штетни за здравјето на луѓето, животните и животната средина.

Една од причините за изумирање на пчелите е исто така ГМО, а без нив се нарушува природната рамнотежа и се доаѓа до губење на други растителни видови и како последица опстанокот на човекот станува тешко.

Извор:Мојата градина

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести