Уште еден шампион во фамилијата Андонови. Сијче Андонова, сестрата на најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова во изминатите седум дена освои два пехара.

Со екипата на Ноендорф таа се закити со шампионскиот пехар во Третата регионална лига во Германија, а исто така, го освои и трофејот во берлинскиот регионален Куп.

Поради освоениот трофеј, Андонова од наредната година ќе игра во Втората германска лига. Таа е македонска репрезентативка и настапува во одбраната, а во Германија пристигна во 2011 година и покрај за тимот на Ноендорф, настапуваше и за вториот тим на Турбине Потсдам.


