И Али Ахмети се придружи на средбата со Хан

Делегации од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од три часа с   во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје, на средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, во обид да се изнајде излез од длабоката политичка криза.

Пред малку на средбата се приклучи и лидерот  на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од Артан Груби и од министерот за образование Абдилаќим Адеми.

Се очекува да пристигне и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Делегацијата на СДСМ е предводена од лидерот Зоран Заев, а во неа се и Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, а делегацијата на владејачката партија е составена од Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров.

Најнови вести

Најново од Uncategorized, Ударни вести

Најчитани вести