Само четири дена откако го освои новиот мандат, Сеп Блатер неочекувано денеска поднесе оставка од местото претседател на ФИФА. Блатер во петокот го освои петтиот мандат на светската фудбалска асоцијација која ја води од 1998 година.
Неговиот избор беше засенет од скандалот со апсење на поранешни и сегашни високи функционери на ФИФА, кои беа приведени во Цирих два дена пред изборите под обвинение за корупција и перење пари.
„Мислам дека овој потег е најдоброто што можев да го сторам во овој момент. Целиот живот работев за доброто на фудбалот и мислам дека мојата одлука е исправна. На ФИФА ѝ се потребни промени и мојот наследник ќе биде познат по конгресот кој мора да се одржи што поскоро“, порача Блатер.


