Економски магазин: Дали, НБРМ ќе ја гради новата зграда?
Богов: Да, ние го добивме неодамна проектот. Сега претстојат некои идни чекори. Значи, постапката трае.
Економски магазин: Имате податоци колку пари ќе чини изградбата?
Богов: Се уште нема податоци колку ќе чини. Од изготвувачот на проектот бараме да ни даде ориентациона проценка за да може да бараме изведувач на тој објект. А идејниот објект мислам дека е веќе познат. Ние парцелата ја добивме со идеен проект.
Економски магазин: Дали ќе биде барок?
Богов: Мислам дека тоа беше објавено во јавноста. Сега не знам, не се разбирам многу од стилови.
Економски магазин: Не знаете како ќе изгледа?
Богов: Знам како ќе изгледа, но не можам да Ви го опишам. Треба да го видите на слика.
Економски магазин: Доколку дојде до евентуално зголемување на каматните стапки, дали очекувате Министерството за финансии да Ве повика да ги намалите каматните стапки, како што го повикуваше поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев?
Богов: Не очекувам.
Економски магазин: Зошто?
Богов:Затоа што тоа е политика и надлежност на Централната банка. Централната банка секако дека превзема она што е неопходно да се превземе со цел да се зачува макроекономската стабилност, а зачувувањето на макроекономската стабилност е од интерес и на министерствот за финансии и на Владата во целина.
Економски магазин: Но, Министерството за финансии го повикуваше тогашниот гувернер Петар Гошев да ја намали каматната стапка?
Богов:Добро не можам јас да коментирам тоа што се случувало тогаш.
Економски магазин: Зошто тогаш министерството за финансии ја повикуваше НБРМ, а сега Вие не очекувате такво нешто да се случи?
Богов:Јас не очекувам тоа да се случи.
Економски магазин: Ако Вие бевте министер за финансии дали ќе водевте иста фискална политика?
Богов:Тоа е хипотетичко прашање, хипотетична ситуација. Не сум на таква позиција, за среќа сум на позиција да бидам на чело на монетарната полтика и задоволен сум со тоа. Сепак е тоа потешка задача таму.
Економски магазин: Сепак, ако бевте, дали имате критика за фискалната политика?
Богов: Лесно е да зборувате од страна, но морам да ги имам сите информации таму, да знам во какви услови се води таа фискална политика и веројатно од таа позиција поинаку би размислувал.
Целиот разговор со гувернерот Димитар Богов, може да го гледате на следниот линк.


