Автомобилот кој вчера гореше во скопската населба Бутел бил во сопственост на познатиот албански пејач од Скопје, Шпат Касапи. Несреќата се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Босна и Херцеговина“ и „Александар Урдаревски“, а како што истакна за медиумите и самиот пејач, причинета е само материјална штета.


