Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, гостуваше во вчерашното издание на „360“ на Алсат -М.
Заев во емисијата рече дека очекува иницијатива за нова средба до крајот на неделата, а рече дека ако таквата иницијатива не дојде од друга страна, самиот тој ќе ја покрене.
Заев зборуваше и за средбата во Брисел и за дел од тоа што се зборувало таму. Рече дека направил отстапка со тоа што предложил Груевски да се повлече во септември, но тој тоа го одбил.
Запрашан за најавите дека можно е Груевски да направи брзи избори уште летово, Заев рече дека е невозможно такво нешто да се случи, и дека мора да има најмалку 10 месеци до изборите по постигнувањето договор.
Доколку се постигне договор во наредните денови, тогаш би останал и терминот во април 2016, но доколку случајно нема договор до крајот на јули, или пак август, тогаш и терминот за избори би требало да се помести, за мај или јуни 2016.


